ГИНЕКОЛОГОТ СОВЕТУВА КАКО ПРАВИЛНО ДА ЈА ПЕРЕТЕ ДОЛНАТА ОБЛЕКА! Ова е единствениот начин да се ослободите од сите бактерии

Гинекологот Чавон Момон Нелсон смета дека алиштата треба да се перат на минимум 60 степени, за да се уништат сите бактерии.

Општо е познато дека квалитетот на долната облека е многу важен, имајќи предвид дека таа е главната бариера која го штити интимниот регион од разни бактерии. 

Често се поставува прашањето колку долго може да се користи долна облека, но мислењата на експертите не се едногласни. 

Некои веруваат дека една година е доволен временски период, додека други, како гинекологот Чавон Момон Нелсон, имаат поинакво мислење.

Овој доктор посочува дека не постои правило според кое долната облека треба да се фрла по тој период, но дека мора да се води сметка за хигиената. Посебно истакнува дека е важен и начинот на миење, но дека многумина тоа го прават погрешно.

Корисниците на социјалните мрежи имаа интересен разговор на оваа тема, но шокантен е фактот дека повеќето од нив носат многу стара  долна облека , а некои не се ни сеќаваат кога купиле ново парче.

Некои од најинтересните коментари се:

-Јас сум на факултет и имам гаќи од 7-мо одделение.

– Пет години ги носам истите гаќички.

– Имам постара долна облека од сите луѓе во коментарите.

– Чекај, никој не ми го кажа ова. Ги чувам додека не се искинат.

Еден од најважните критериуми за избор на алишта треба да биде да се земе предвид материјалот од кој се направени алиштата. Природните материјали, меѓу кои најчест и препорачан е памукот, ќе направат да се чувствувате удобно и нема да ја иритираат зоната на вашата интимна област .

Затоа, задолжително вклучете го овој критериум како важен филтер кога следно ќе купите долна облека и погледнете ја декларацијата – на неа ќе ги најдете сите информации за точниот состав на долната облека.

Експертите се согласуваат дека најважно е да ја измиете долната облека во топла вода за да ги отстраните сите бактерии од неа. Тие наведуваат дека старата облека не треба да се фрла, освен ако навистина не мора.

– Секое миење гаќи на температура пониска од 60 степени нема да ги убие бактериите – објасни докторот.