Ги изгуби нервите, голем испад на премиерот на Србија во Собранието: Удри во микрофонот и пратениците ги нарече гом**ри, но се било снимено (Видео)
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на седницата на Народното собрание на Република Србија бурно реагираше на наводите на опозицијата за членот на Работната група за ментално здравје, а по презентацијата дури удри во микрофонот и наводно дел од опозицијата ги нарече „гомнари“, јавува Телевизија Н1.
Имено, Мирослав Алексиќ од Народна партија изјави дека во Работната група за ментално здравје и безбедност на младите е и Милица Пејовиќ Милованчевиќ од Институтот за ментално здравје, која, како што тврди Алексиќ, е „куќна пријателка на Кецмановиќ“, родител на момчето кое го изврши убиството во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Формирате владин тим за поддршка на менталното здравје, а кого ставате во тој тим, покрај шефовите на Владата? Ја ставивте д-р Милица Пејовиќ Милованчевиќ од Институтот за ментално здравје, случајно оваа госпоѓа е куќна пријателка на Кецмановиќ, не знам дали го знаете тоа, случајно… – рече Алексиќ.
После тоа, претеникот и се обрати на премиерката со овие зборови: „Не се шокирајте, туку слушајте ме, не зборувам на памет… и тоа како го знаела КК“
На тоа бурно реагираше премиерот.
Нападнавте жена која е потпретседател, практично нашиот најголем експерт кој ја води групата за детско ментално здравје – директорката на Институтот за ментално здравје, специјалист по психијатрија Милица Пејовиќ Милованчевиќ и редовен професор на универзитетот и вие се осмелувате за нејзе да кажете нешто. Зошто? Затоа што таа се согласи да биде во работната група. А што сакате? Жената да ја напушти Работната група? Дали е тоа добро за земјата и за децата? Како не ви е срам да ја спомненувате таа жена? Ја видов два пати во животот и немам ништо друго освен пофалби за неа. Таа жена, кога се случи трагедијата, ова монструозно убиство, влезе во училиштето со својата екипа и оттогаш не го напушти тоа училиште, работејќи со деца, наставници и родители деноноќно, така што родителите рекоа: Не сакаме некој друг. Ја ставивте на тапет денес, како не ви е срам? Разбирате ли дека има нешто што е над политиката, можете ли во својата глава на локален сечикеса, дека има нешто што не се допира? Не се бранам себе, туку најпрофесионалните луѓе во оваа земја – рече Брнабиќ, обраќајќи им се на претставници од Народната партија.
Таа потоа ги прашала дали сакаат да ги избркаат најдобрите луѓе од земјата.
Зборувајќи за жените жртви на семејно насилство, таа рече дека секоја година кога опозицијата била на власт повеќе жени биле убиени во семејно насилство отколку минатата, лани и преклани, пишува телевизијата Н1.
Зошто тогаш не се занимававте со тоа, зошто тогаш не си дадовте оставка? Дали тогаш имавте опозиција што ве обвини за смрт на жени? Не. Дали знаете зошто? Затоа што во опозиција имавте пред се луѓе, а потоа политичари. А ние денес имаме локални сечикеси кои немаат врска со моралот, немаат врска со етика и што значи да се бориме за нашите деца… Дали ви е гајле? Не ви е гајле, нападнавте жена која се бори за менталното здравје на овие деца, срам да ви е – рече премиерот и удри во микрофонот.
Сепак, пред целосно да го исклучи, можеше да се слушне како вели „гомнари“.