Медузите се почесто се гледаат на Јадранот, а оние кои доживеале каснување од медуза велат дека тоа е едно од најболните искуства досега.
Ако тоа се случи, многу е важно да се реагира веднаш и брзо.
Лекарите од WebMD велат дека во таква ситуација е многу важно веднаш да се излезе од морето и да се обиде да го спречи горењето. Изгореното место исплакнете го со оцет, а потоа со пинцета отстранете ги пипалата од медуза кои остануваат во вашата кожа. Потоа повреденото место натопете го во топла вода или истуширајте се со топол. Чувајте го изгореното место во топла вода најмалку 20 минути.
Подоцна можете да си помогнете со нанесување на благ крем со хидрокортизон на повреденото место, а можете да користите и орален антихистамин за ублажување на чешањето и отокот.
Корисни може да бидат и пакетите со мраз и лековите за ослободување од болка без рецепт, како и антихистаминиците за отечените области.
Доколку видите дека повредата не поминува, дефинитивно побарајте помош од лекар. Задолжително направете го ова дури и ако ве искасала медуза во близина на вашите очи.
Никогаш не прибегнувајте кон домашни лекови, како сода бикарбона или алкохол.