„Ги правам вашите сопрузи подобри татковци и партнери. Треба да ми бидете благодарни“: Ескорт дама ги обвинува жените за машкото изневерување
Без никаква „кочница“ раскажа зошто оженетите мажи и плаќаат за услугата
Бони Блу е ескорт дама од Австралија, која тврди дека без проблем ги „спасила“
браковите и не ги осудува мажите кои доаѓаат кај неа, иако имаат семејство дома. Како што објаснува, Бони се залага за оженетите мажи, бидејќи нивните сопруги
„не знаат како да ги задоволат“ и им е „потребна“ за да ги опушти, да го намали стресот и да ги испрати дома кај нивните сопруги како целосно опуштени сопрузи.
Оваа 25-годишна жена изјавила дека токму оваа клиентела и плаќа и до илјада евра на час, а како образложение самите наведуваат дека тоа ќе им го спаси семејството и бракот, бидејќи ќе станат подобри партнери на своите сопруги.
– Жените треба да ми бидат благодарни што спијам со нивните сопрузи – започнала таа во интервјуто, пренесува NYPost.
Таа додава дека браковите ги спасувала во „100 проценти“ од случаите и дека освен пари за услугата, не бара тајни, скапи подароци, ноќни повици или пораки.
Се пофалила и дека заработува по околу 13.000 долари дневно, а кога ќе и се појави „добрата сезона“, нејзиниот приход достигнува и до 33.000 долари дневно. Така, заработувајќи од туѓи сопрузи, во изминатата година достигнала вкупен приход од еден милион.
– Ова не го гледам како работа. Бев платена да уживам и за тоа ќе бидам вечно благодарна. Сум имала различни клиенти, од обожаватели до брачни парови, кои само сакаат малку одмор од хаотичното секојдневие. Не ги обвинувам сопрузите што бараат дами ескорт, јас им судам на нивните жени. Повеќе жени треба да научат како да ги задоволуваат своите мажи, да прават помалку врева и можеби тогаш не би завршиле кај мене како гости – вели таа.
Таа, исто така, наведе пет работи кои ги тераат мажите да плаќаат за секс – вклучително и да се гледа себеси „попривлечна од нивните сопруги“.
– Првата причина е дефинитивно што жените не им го даваат тоа што јас им го давам. Тие го немаат тоа задоволство во креветот дома. Друга причина е тоа што тие само сакаат да избегаат од секојдневниот стрес во нивниот живот.
Ме гледаат како нивен ослободувач од стресот, и кога ќе завршиме, тие можат да се вратат кај своите семејства и да бидат подобри сопрузи и татковци. Третото е едноставно досада. Тие цел живот спијат со истата жена и сакаат малку возбуда и промена. Четвртата причина е што јас сум остварување на нивната фантазија. Секој маж има визија дека е интимен со ескорт дама, па јас само му помагам да ги остварат своите соништа.
Конечно, петтата причина е што сум пожешка и попривлечна од нивните сопруги. Едноставно – објаснува Бони.
Меѓутоа, Бони не е тука само за работа, туку често ги слуша и кога и кажуваат за проблемите во семејниот дом. Но, и многу луѓе ги вадат бурмите обидувајќи се да го скријат фактот дека се во брак.
Во својата „одбрана“ од мислењата на луѓето кои сметаат дека жените со оваа „работа“ се со ниска интелигенција или дека имале проблематична врска со нивните татковци, таа го наведува следново:
– Само затоа што живееме и заработуваме од ова, не значи дека сме глупави или дека страдаме за татковската фигура во нашите животи. Ние обезбедуваме услуга што повеќето ја обезбедуваат бесплатно.