Ги прекри интимните делови со селотејп и дојде на црвениот тепих: Шокантното издание на пејачката

Во Њу Џерси се одржа доделувањето на престижните MTV награди, а многумина останаа шокирани од појавувањето на американската пејачка Тинаша на црвениот тепих.

Овој музички настан е препознатлив и по тоа што пејачите се појавуваат оскудно облечени, па и овој пат немаше јавна личност на црвениот тепих без да покаже некоја гола кожа.

И во таква силна конкуренција каде секоја позната дама беше провокативно облечена, Тинаше успеа да се истакне.

Имено, таа ги покрила интимните делови од телото, половиот орган и брадавиците со минијатурна црна лента, додека задникот и бил целосно откриен.

Пејачката цело време без никаков срам позирала пред фоторепортерите, а се чини дека била исклучително сигурна во својата гардероба која повеќе откривала отколку што сокрила.

Тинаш можете да го видите на фотографијата подолу:

Фото: Profimedia