Ги уништуваат бубрезите, а ние ги јадеме секој ден: Избегнувајте ја оваа храна што е можно повеќе

За правилно функционирање на бубрезите, неопходно е да се грижите за храната што ја внесувате во организмот. Овие 3 намирници имаат особено негативно влијание на овој орган.

Лекарите велат дека можат да ја забават работата на бубрезите, но и да предизвикаат формирање на песок, а многумина ги јадат редовно. Најпаметно би било оваа храна да ја исфрлите од исхраната или барем да ја намалите на минимум.

Црвено месо и преработена храна
За да не ги оштетите бубрезите, не треба да јадете повеќе од три порции црвено месо неделно. Високиот внес на црвено месо е поврзан со краен стадиум на бубрежна болест (ESRD), според студијата објавена во списанието на Американското здружение за нефрологија. Експертите препорачуваат да ги исклучите производите од свинско месо од вашата исхрана. Во опсежна анализа која опфати 23 студии, конзумирањето на салама, шунка, сланина и колбаси го зголемуваат ризикот од развој на малигнитет на бубрезите.

Компири
Убедливо најпопуларната храна не само кај нас, туку и во целиот свет. Сепак, со овој зеленчук треба да бидете внимателни доколку имате проблем со бубрезите. Овој зеленчук е богат со калиум, кој негативно влијае на луѓето со напредната хронична бубрежна болест. Се испостави дека бубрежните пациенти кои имале висока количина на калиум во серумот починале порано од оние кај кои нивото на овој минерал било пониско.

Газирани пијалоци
Според истражувањата, конзумирањето на газирани сокови во голема мера ги оштетува бубрезите. Експертите откриле дека оние кои пиеле повеќе од четири такви сокови неделно имале значително поголем ризик од развој на хронична бубрежна инсуфициенција.