Покрај редовните посети на стоматолог, важна е и редовната хигиена.
Лошиот здив е навистина непријатен проблем со кој никој не сака да се справи. За да се спречи оваа појава, од особена важност е да ги миете забите два пати на ден, да ја плакнете устата и да внимавате да нема скршени заби.
Доколку не сте љубители на купување производи и средства за плакнење уста, ви го препорачуваме целосно природното решение, кое ќе ги елиминира сите бактерии од устата, ќе ги исчисти и на тој начин ќе спречи појава на лош здив, пренесува Телеграф.
Состојки:
▪ чаша млака вода
▪ 2 лимони
▪ мала лажица мед
▪ половина лажица цимет
Подготовка:
Измешајте цимет и мед, а потоа исцедете сок од лимон во таа смеса и додадете чаша вода.
Сето ова измешајте го и со него исплакнете ја устата, држете малку во устата и исплукајте го.
Ќе ви се допадне чувството на свежина во устата!