ГЛАВНИОТ ГРАД НА КАНАДА Е БЛОКИРАН ПОРАДИ ЏО БАЈДЕН – Социјалните мрежи “горат“: Претседателот го следи конвој од дури 75 возила! (видео)
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден ја започна долгоочекуваната посета на Канада.
За време на дводневната посета, Џо Бајден, кому ќе му се придружи првата дама Џил Бајден, треба да се сретне со канадски претставници, да одржи говор во парламентот и да се сретне со премиерот Џастин Трудо.
Според медиумите, патувањето му нуди можност на Џо Бајден да ја потврди важноста на односите и статусот на Канада како сојузник и економски партнер на САД.
Но, со иронични коментари на социјалните мрежи се споделува видео на кое наводно се гледа како претседателската поворка се движи со полна брзина низ Отава во правец на Парламентот на Канада. Во колонијата беа избројани не помалку од 75 возила.
Социјалните мрежи се револтирани поради големото обезбедување на Џо Бајден и поради сообраќајниот хаос што е создаден во градот поради неговата посета. Поради претседателската колона, главните градски патишта беа затворени, а безбедноста беше зголемена, поради што многу граѓани задоцнија со своите обврски.