Главниот дипломат на Австрија: ЕУ не може да и даде приоритет на Украина пред Балканот

Европската унија не може да дозволи да се даде приоритет на членството на Украина, а од друга страна ги игнорира повеќегодишните кандидатури на земјите од Западен Балкан. Вака предупреди министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг.

„Не можеме да ја имаме Украина на брзата лента, додека другите земји се во лентата за застанување. Тоа би било геостратешка катастрофа. Блокот треба внимателно да ја разгледа и преиспита својата политика за проширување“.

Шаленбер смета дека ЕУ треба да се оддалечи од системот каде што некои земји се поистакнати од другите.

„ЕУ пред околу 20 години им вети членство на земјите од Западен Балкан, но тоа ветување не го исполни. Брисел мора да ги исполни своите ветувања и да се откаже од „бинарното размислување“ за членство“.

Тој додаде дека на земјите кандидати треба да им се овозможи одредено учество во планирањето и активностите на ЕУ.