„Гласам за воведување смртна казна“ Карлеуша упати сочувство до семејството на убиената Вања – Како мајка на две девојчиња…

Монструозното убиство на четиринаесетгодишното девојче Вања Ѓорчевска од Македонија го вознемири целиот Балкан.

Поради оваа трагична смрт, на социјалната мрежа Инстаграм се огласи и пејачката Јелена Карлеуша, која ја поддржа иницијативата за воведување смртна казна за сторителите на ова страшно злосторство.

– Ги следам настаните во Македонија и како мајка на две девојчиња на возраст од 14 и 15 години, немам зборови да го опишам ова чувство во мене поради убиството на малата Вања, поради луѓето кои го направија тоа, поради таткото кој го убил своето дете. Гласам за воведување на смртна казна. Сочувство до семејството…Мајка… Издржи – напиша Јелена на споменатата социјална мрежа.

Телото на Вања е пронајдено во неделата, а според полицијата и обвинителството, сторителите на овој монструозен чин се исти како оние што го убија велешанецот Панче Жежовски. Во притвор се осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски.

На таткото на Вања, осомничен дека учествувал во грозоморниот чин на киднапирање на неговата ќерка, која потоа беше убиена, вчера му е одреден дводневен притвор.