Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денес во Скопје ќе се одржи овогодишното издание на Скопје Прајд.
Почетната точка на Парадата на гордоста ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците. Во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.
Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.