Глумеше во познати филмови со блокбастери: Денес никој не го препознава затоа што е тотално променет! Знаете ли кој е ова? (ФОТО)
Актерот Хуго Вивинг (63) се прослави во филмовите „Господарот на прстените“ и „Матрикс“, а неодамна папараците го уловија на лондонските улици.
Фотографиите на актерот ја изненадија јавноста кога многумина забележаа дека тој повеќе не личи на себе.
Вивинг опуштено се шеташе со својата невенчана сопруга Катрина Гринвуд. Двојката е заедно од 1984 година и имаат две деца – ќерката Холи и синот Хари.
Покрај улогата на агентот Смит во „Матрикс“ и Лорд Елронд во „Господарот на прстените“, актерот го видовме и во филмот „Гребенот на мртвите“ и „Капетан Америка“.
Најмногу се препознаваше по неговото специфично изразено лице.
Во 2020 година, тој рече дека би сакал да ја повтори својата улога во четвртиот дел од франшизата Матрикс, но поради тоа што имаше премногу обврски, не можеше.
– Многу сакав тоа да се случи пак бидејќи целата екипа ми е многу драга, но во тоа време глумев во претстава која се преклопуваше со датумите на снимање на филмот – откри тогаш.