ГОВОРОТ НА ПАПАТА КОЈ ПРЕДИЗВИКА ‘ЗЕМЈОТРЕС’ КАЈ УКРАИНЦИТЕ – Ватикан тврди Франциско немал намера да го велича рускиот империјализам – Кремљ задоволен: “Добро е што тој ја знае руската историја!“

Папата Франциско не сакаше да го велича рускиот империјализам во говорот минатата недела кога се осврна на императорите кои ја проширија Руската империја“, соопшти во вторникот Ватикан, откако Украина ги критикуваше неговите забелешки, а Кремљ изрази задоволство од зборовите на папата.

Папата Франциско им рекол на руската младина, откако го прочитал говорот во петокот, да имаат на ум дека се наследници на императорите како Петар I и Катерина II.

Двајцата монарси ја проширија Руската империја во XVII и XVIII век, вклучително и со освојување делови од Украина, а претседателот Владимир Путин се повика на нивното наследство во оправдувањето на неговата инвазија и анексија на украинска територија минатата година.

Папата имаше намера да ги охрабри младите да го зачуваат и промовираат сето она што е позитивно во големото руско културно и духовно наследство и во никој случај да не ја велича империјалистичката логика и владејачките личности (кои) ги спомна за да укаже на некои историски референтни периоди“, рекол портпаролот на ВатиканМатео Бруни во изјавата до медиумите.

Официјален Киев коментира дека зборовите на папата во видео обраќањето во живо до католичката младина собрани во Санкт Петербург се „длабоко за жалење“.

Кремљ во вторникот ги пофали зборовите на папата Франциско, велејќи дека руската држава има богато наследство и дека е добро што папата ја знае руската историја.

Она што руската држава, активистичките групи, училишните и универзитетските професори го прават сега е да го пренесат тоа наследство на нашата младина, потсетувајќи ги на тоа“, рекол потпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков и заклучич: „Фактот што Папата звучи во склад со овие напори е многу, многу задоволувачки“.