ГОДИНИТЕ СИ ГО ПРАВАТ СВОЕТО – Доналд Трамп се потсмева на Џо Бајден, а сега направи гаф ист како неговиот – погледнете

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп (77 г.), ги помеша Барак Обама и Џо Бајден на митинг во Њу Хемпшир, иако редовно ги осудува и нагласува „гафовите“ на актуелниот претседател на САД кој го нарекува -„заспаниот Џо“.

Во својот говор во Клермонт, Доналд Трамп по грешка му се обрати на Барак Обама, а во говорот кажа дека тој сè уште е претседател на САД.

Претседателот на САД, Џо Бајден, е познат по своите јавни гафови, сопнување, збунетост и отсутност. Сепак, сега Доналд Трамп почна да му се придружува во „киксовите“.

Како што пренесува Daily Mail, се чини дека и Доналд Трамп почнал да го губи разумот, имајќи предвид дека Барак Обама, првиот афроамерикански претседател на САД, по два мандати во Белата куќа не е на власт од 2016 година.

Ова не е прва слична грешка на Доналд Трамп во говорите пред поддржувачите. Говорејќи на митингот во Ајова минатиот месец, тој кажа дека градот Сиукс Сити е Сиукс Фолс во Јужна Дакота.

И покрај се почестите гафови, Доналд Трамп сè уште фигурира како главен кандидат за номинација на Републиканската Партија и излегување на избори во 2024 година за претседател на САД.