ШТО НОВАК ЃОКОВИЌ ПОЈАДУВА СЕКОЕ УТРО ? Штом стане од кревет, тој задолжително го прави ова

Правилната исхрана е еден од клучните фактори за успехот на Новак Ѓоковиќ, еден од најуспешните тенисери во историјата, а пред десет години тој напиша книга за тоа. 

Новак Ѓоковиќ не тврдеше дека неговиот режим е применлив за секого, ниту дека ќе им помогне на сите, но истакна дека драстичната промена што ја направил на почетокот на минатата деценија со д-р. Игор Четојевиќ, нутриционист, создала цврста основа за неговиот ѕвезден успех.

Во основа, исхраната на Новак Ѓоковиќ е без глутен и млечни производи, па по големите проблеми на теренот, тој целосно го исфрли тестото, лебот и сирењата од исхраната. Безброј пати тој има зборувано за тоа како израснал на Копаоник каде неговите родители имале пицерија и продавница за палачинки, но морал да заборави на таа храна за да стане тоа што е денес, бидејќи му била дијагностицирана нетолеранција на глутен. Правејќи голем пресврт, Новак Ѓоковиќ започнал да внимава на секој оброк, почнувајќи од појадокот.

Неговата исхрана сега се базира на зеленчук, јаткасти плодови, риба, овошје, семки, здрави масла… За почеток, Новак Ѓоковиќ го започнува секој ден со земање чаша топла вода и лимон, објаснувајќи дека му помага на неговото тело да ги исфрли токсините. Потоа појадува, јадење совршено прилагодено на денот што го очекува. На масата пред него е сад за „зголемување на енергијата“, во кој има мешани семки, мешани јаткасти плодови, мусли без глутен, бобинки, јагоди, банани…

Новак Ѓоковиќ исто така објаснува дека треба да го започнете утрото со чаша сок од целер и зелено смути полно со состојки богати со антиоксиданси, вклучувајќи грашок, целер, сок од јаболко, спанаќ…

Подготвувајќи се за напорниот ден, Новак Ѓоковиќ има и утринска закуска, во која зема крекери со авокадо и туна, додека малку подоцна, сака да јаде јаболко со путер.

Сето ова е вообичаената рутина на Новак Ѓоковиќ да го започне денот и која му помогна да победи со текот на годините и да стане и да остане најдобар. Тоа секако го применува и деновиве, во Торино, во борбата за титулата на завршниот Мастерс, последниот голем турнир во сезоната.