Големата суша ги откри тајните свети објекти! Погледнете што сè излезе на површина: Па ова е неверојатно (видео)
По подолг период на интензивни горештини без дожд, на северот на Филипините се појавија урнатини на град стар со векови. Имено, нивото на водата во браната опадна поради сушата и откри делови од потоната црква, надгробни споменици и темели од згради на град стар 300 години во провинцијата Нуева Еција.
„Кога слушнав дека потонатата црква на стариот град Пантабанган повторно се појавила, се возбудив и морав да ја видам“, изјави 61-годишната пензионерка Ауреа Делос Сантос.
Нивото на водата на браната годинава падна за 26 метри, што кај некои локални жители го разбуди претприемачкиот дух, па почнаа да превезуваат туристи на островот за да ја посетат атракцијата.
„Заработив околу 200 пезоси (3,25 евра) од риболов, а кога пристигнаа туристите почнав да заработувам од 1.500 до 1.800 пезоси дневно“, вели рибарот Нелсон Делера.
Населението беше раселено од градот во 1970-тите поради изградбата на брана која сега служи како главен извор за наводнување за Нуева Еција и блиските провинции.
Филипините и другите земји во Југоисточна Азија се борат со екстремни горештини во последните неколку недели, принудувајќи ги училиштата да ја прекинат наставата, а владата да ги повика жителите да останат дома поради ризикот од топлотен удар.