Италијанските власти соопштија дека денеска во операција против калабриската мафија „Ндрангета“ уапсила 142 лица активни во трговијата со дрога од клановите на градот Козенца.
Околу 109 лица беа уапсени по рациите во зори во кои беа вклучени федералната полиција на карабинерите, локални сили и специјализирани службеници од единицата за економски криминал, предводена од обвинители против мафијата од крајбрежниот град Катанзаро, соопшти полицијата.
Уапсените се членови на познатите кланови Ланзино-Патитучи и Зингари од Козенца, пренесува Dailysabah.
Во акцијата уапсен е и службеник на царинската и финансиската полиција на Италија.
Покрај приведените 109 лица, на 20 други им е одреден домашен притвор, а на 13 други присилни мерки.
Според полициското соопштение, групата е осомничена за различни кривични дела, меѓу кои членство во Ндрангета, „шверц на дрога отежната од мафијашкото здружение“ и други кривични дела.
Винченцо Капомола, јавниот обвинител на Катанзаро, им рече на новинарите дека мафијашките групи ги „гушеле“ пазарџиите и деловните луѓе во Козенца преку изнуда.
Инаку, нивната главна дејност е трговија со дрога, понекогаш користејќи деца.