ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ: Најмалку 15 загинати во пожар во ноќен клуб

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул, а според официјалните информации уште 13 лица се повредени, од кои седум потешко.

Според информациите на турските медиуми, пожарот избувнал во ноќен клуб во приземјето на станбена зграда од 16 ката.

Како што пишува „Хуриџет“, до бината во дискотеката се случила експлозија.

Причината за пожарот се уште се истражува, а тој избувнал во авенијата Јилдиз Поста.

Откако итната помош го примила повикот, на местото на несреќата пристигнале пожарникари, медицински екипи и полиција. Пожарникарите го изгаснале пожарот со помош на 31 возило и 86 лица.