Ниту Новак Ѓоковиќ не може да одолее на овој леб (Видео)

Откако Новак Ѓоковиќ драстично го промени начинот на исхрана во 2011 година, поради храната на која бил нетолерантен, многу се зборува за неговото мени.

Како пример за многумина, исхраната на Ѓоковиќ го привлекува вниманието на јавноста, особено затоа што како дел од неа се споменува и познатиот леб без глутен.

Имено, познатиот пекар и специјалист за пецива без глутен Зоран Радловачки редовно подготвува вкусен леб без глутен за Ноле и неговото семејство.

Состојки:

2 лажици чиа семе

4 супени лажици овесна каша

100 ml топла вода

250 гр белки

една лажичка сол

100 гр мелен лен

за посипување овес, сусам и лен

Подготовка

Изматете ги белките додека не се стегнат. Во сад прелијте ги со вода 4 лажици овесна каша и 2 лажици чиа семе. Кога чиа семето ќе набабри, додајте сè во пената од белката.

Додадете мелен лен и измешајте сè. Префрлете ги во плех и посипете со овесна каша, сусам и лен. Се пече на 180 степени околу триесет минути. Исклучете ја рерната и оставете го лебот да се излади природно уште дваесетина минути.