УНИЦЕФ ПРЕДУПРЕДУВА: Болниците во Газа остануваат без гориво, животите на 120 новороденчиња се во опасност

Животите на најмалку 120 бебиња во инкубатори се загрозени бидејќи болниците во Газа остануваат без гориво.

„Во моментов имаме 120 новороденчиња кои се во инкубатори, од кои имаме 70 новороденчиња на механичка вентилација, и секако тоа е она за што сме исклучително загрижени“, рече портпаролот на УНИЦЕФ Џонатан Криккс.

Повеќе од 1.700 деца веќе се убиени во израелските напади, според податоците на палестинското Министерство за здравство.

На социјалните мрежи се шират шокантни видеа од исплашени и расплакани деца облеани во крв.

Жителите на бројни земји во светот, го кренаа својот глас и повикаа на прекин на убиствата на Палестинците.