Во тек е апсење?! Трамп проговори и ја крена Америка на нозе!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да биде уапсен во врска со нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека обвинителот Џек Смит го информирал дека тој е цел на нивната нова истрага.

Тој рече дека му било кажано да се пријави пред големата порота, „што речиси секогаш значи апсење и обвинение“. Специјалната обвинителка не ги коментираше изјавите на Трамп.

Тоа би било трето кривично обвинение за Трамп, вклучувајќи ги и 37-те точки кои ги покрена тимот на Смит во јуни, обвинувајќи го претседателот за „погрешно постапување“ со доверливи документи.

За потсетување, Трамп беше обвинет и во Њујорк за фалсификување деловни записи при тајни плаќања на пари на ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс во 2016 година.

Судењето за тој случај треба да започне во март следната година, а адвокатите на поранешниот претседател се уште го оспоруваат датумот за случајот со тајните документи.

Синоќа во Ајова, Трамп ја изрази својата фрустрација од најновиот развој на настаните.

-Практично не знаев што е судска покана, големи пороти и сето тоа. Сега станувам експерт. Срамота е – рече тој.