СТОЛТЕНБЕРГ ПРЕДУПРЕДУВА: Мора да се подготвиме за лоши вести од Украина!

Мораме да бидеме подготвени“, рече Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека западната воена алијанса треба да биде „подготвена за лоши вести од украинскиот фронт бидејќи Киев продолжува да се брани од сеопфатна руска инвазија“.

Војните се развиваат во фази –  изјави Столтенберг во интервју за германската телевизија АРД.

– Мораме да ја поддржиме Украина и во добри и во лоши времиња – рече тој.

„Мораме да бидеме подготвени за лоши вести“

– Треба да бидеме подготвени и за лоши вести –  додаде Столтенберг, но не беше поконкретен.

Неговите коментари доаѓаат додека западните сојузници дебатираат за муниција и финансиска помош за Украина, а Москва го зголемува бројот на нејзините војници. Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша указ за зголемување на бројот на војници за околу 170.000, на вкупно 1,3 милиони.

Линијата на фронтот малку се поместуваа во последните месеци и покрај контраофанзивата на Киев во текот на летото, но Украинците користеа крстосувачки ракети за да ја потиснат руската флота во Црното Море и нанесоа штета длабоко во руската територија. 

– Ова се големи победи иако не успеаја да ја поместат линијата на фронтот –  изјави Столтенберг во интервјуто.

Тој испрати порака до членките на НАТО: „Гледајте подалеку од националните интереси. Победата на Путин нема да биде трагедија само за Украина“.

Столтенберг ги повика членките на НАТО да го засилат производството на муниција, жалејќи се на фрагментираната состојба на европската одбранбена индустрија.

Не можеме да соработуваме толку тесно колку што треба –  рече тој, повикувајќи ги владите да гледаат подалеку од нивните национални интереси и да ја разгледаат пошироката слика.

– Победата на Путин не само што би била трагедија за Украина, туку и опасност за другите сојузници –  изјави Столтенберг.

– Колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната –  додаде тој.