Голема заинтересираност на компаниите за проектот за екстракција на литиум

Чилеанската државна рударска компанија „Енами“ соопшти дека интересот од потенцијалните партнери за проектот за екстракција на литиум е силен, откако ги објави првите резултати од кампањата за дупчење вредна 10,5 милиони долари.

Компанијата истакнува дека според тие студии, примероците на солена вода во наоѓалиштето Агилар покажале просечна концентрација од 740 милиграми литиум на литар, објави Блумберг.

Енами очекува тие резултати да помогнат да се најдат партнери за финансирање, развој и управување со проектот, а заинтересираните компании имаат рок да се пријават до петок.

Има голем интерес од релевантни компании од нашиот сектор“, најави Енами.

Проектот за екстракција на литиум наречен Altoandinos е во рана фаза и е дел од планот на чилеанскиот претседател Габриел Бориќ за отворање нови области за ископ на литиум во обид да се зголеми производството на метал за батерии.

Алтондинос се состои од три сè уште неразвиени полиња со сол во регионот Атакама и треба да произведе 20.000 метрички тони руда до 2032 година и тројно повеќе до 2037 година, според владините проекции во Сантијаго.