ГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА СВЕТОТ ИЛИ ГОЛЕМ БЛЕФ !? Тајните служби на САД потврдија: “Владимир Путин веќе го распоредил своето нуклеарно оружје!“

Нема сомнение дека Русите го распоредиле своето нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, објави CNN повикувајќи се на информации од американското разузнавање.

Имено, Владимир Путин пред еден месец на Економскиот форум во Санкт Петербург се пофали дека на одредена дестинација во Белорусија пристигнала „првата серија“ нуклеарно оружје, но за тоа немаше конкретни докази во тој момент.

Сега американските разузнавачи велат дека нема причина да не му веруваат на Владимир Путин, кој на тој начин дополнително ги зголемува безбедносните тензии и закани. Сепак, американските разузнавачки извори велат дека и покрај фактот што Русите ги распоредиле своите нуклеарни боеви глави во белоруските магацини, тие не веруваат дека тоа ќе го наруши глобалниот „нуклеарен пејсаж“ или ќе го зголеми „ризикот од нуклеарен инцидент“.

Додуша, CNN, повикувајќи се на свои извори, вели дека е тешко да се следи „патеката на движење“ на такво оружје дури и преку сателити од вселената, но тоа е таму. 

Да потсетиме, на почетокот на годината белорускиот проруски претседател Александар Лукашенко најави дека руското нуклеарно оружје ќе биде пренесено во Белорусија, дека белоруските воени авиони ќе бидат снабдени со нуклеарни ракети и дека нивните пилоти добиле специјална обука во Русија за ракување со ракети со нуклеарно полнење.

Александар Лукашенко и Владимир Путин

Меѓутоа, неодамна се појавија информации дека белоруските складишта се уште не се модернизирани за прифаќање на такво оружје, но американските разузнавачки извори тврдат дека во областа има доволно капацитети од советската ера кои можат да прифатат такво оружје.

Продолжуваме активно да ги следиме извештаите за договорот меѓу Русија и Белорусија за да се осигураме дека Русија има контрола над своето оружје доколку е распоредено во Белорусија и дека ќе ги исполни своите обврски од Договорот за неширење на нуклеарното оружје. Внимателно ќе ги следиме сите чекори на руската страна“, изјави портпаролот на Стејт департментотМетју Милер.

Претставниците на разузнавањето не веруваат дека Александар Лукашенко ќе има некаква контрола над овој нуклеарен арсенал и дека тој целосно ќе биде контролиран само од Русија.