ГОЛЕМА КАТАСТРОФА СЕ ОЧЕКУВА ОД КОПНЕНАТА ИНВАЗИЈА !? Оваа земја се заканува поради најавената офанзива: Блискиот Исток се лизга во голема војна ?
Израел најави проширување на операцијата и со тоа индиректно најави копнена инвазија која делумно започна во текот на ноќта.
Официјални лица на Саудиска Арабија го предупредија Израел дека копнената инвазија на Појасот Газа би била лоша одлука, не само за палестинските територии туку и за Блискиот Исток.
New York Times објави, повикувајќи се на извори блиски до претставници на Саудиска Арабија, дека разговарале со претставници на Соединетите Американски Држави за војната на Блискиот Исток. Официјален претставник од администрацијата на Џо Бајден рекол дека очигледно е дека Саудијците не сакаат израелска инвазија на Појасот Газа.
Сенаторот Ричард Блументал, демократ и член на Комитетот за вооружени служби, беше еден од 10-те сенатори кои минатиот викенд се сретнаа со престолонаследникот Мохамед бин Салман во Ријад.
САД во претходните неколку денови нагло го променија наративот и побараа од Израел да ја одложи копнената инвазија.