Голема одлука во ПСЖ: “Изгубивме многу време на оваа приказна и сега е готово за нас“

Претседателот на францускиот фудбалски шампион ПСЖНасер Ал-Хелаифи, најави дека клубот ќе го напушти „Паркот на принцовите“, каде што ги игра домашните натпревари од 1974 година, откако градот Париз одби да го продаде стадионот.

Стадионот со години се обидуваме да го купиме, а од градот постојано ни кажуваат дека не е на продажба. Потрошивме многу време на оваа приказна и сега е завршена за нас, сакаме да се оддалечиме од Паркот на принцовите“, изјави Насер Ал-Хелаифи.

Градоначалничката на ПаризАн Идалго, минатата година изјави дека не сака да го продаде стадионот, а претходно оваа недела градското собрание го потврди тој став.

Продажбата на стадионот не е прифатлива бидејќи тоа е одлука по која нема враќање назад. Не сакаме да го продадеме париското наследство“, објасни заменик-градоначалникот на Париз задолжен за спорт, Пјер Рабадан, за одлуката да не се продава стадион.