Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената промена на времето. Иако вчера беше претежно сончево, во вечерните часови од северозапад пристигна засилена облачност со врнежи од дожд, на места и грмежи.
Во текот на ноќта во Загреб почна да врне снег, што доведе до формирање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата.
Слично е и во Бања Лука.
Многумина од Бања Лука утрово се изненадија кога се разбудиле и виделе дека врне снег.
Со оглед на тоа што вчера температурата била повисока од 20 степени, многумина не ни помислуваа дека денеска може да падне снег.
Иако календарски пристигна пролетта, се чини дека зимата сака да си ги покаже забите.
Годинава зимата беше блага и само неколку дена температурата беше под нулата, а снег речиси и да немаше.