ГОЛЕМА ТАГА ВО СРБИЈА – На Велика Сабота пред Велигден почина мајката на патријархот Порфири: “Вечен спомен за тебе Радојка…“

На Велика Сабота, во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, на 81-годишна возраст, почина слугата Божја Радојка Периќ, мајка на Неговата Светост Патријархот српски Порфириј, соопшти Српската Православна Црква (СПЦ).

Како што објавија соседните медиуми, света литургија ќе се служи во црквата „Вознесение“ во Чуруг во вторник, 18. април 2023 година, во 09:00 часот.

Вечен ти спомен, достојна за блаженство и вечен спомен, сестра наша Радојка!“, се наведува во соопштението на СПЦ.