Голема тага, младиот ММА борец (18) починал по срцев удар, неговите родители решиле да го исклучат од апаратот

ММА борецот Зак Доран почина неколку дена откако колабирал за време на тренинг.

Доран спарингувал во неговата локална теретана кога срцето одеднаш му запрело. 18-годишникот помина десет дена во кома пред неговите родители Џејсон и Тами да донесат болна одлука да го симнат од апарати за одржување.

„Буквално се бореше до смрт“, вели неговиот татко, учител и тренер по американски фудбал.

Најпрвин се сомневаше дека е удрен во главата, но тоа не се случило.

„Тој спарингуваше и за време на седмата или осмата рунда само колабираше. Мислеа дека е удрен во градите или главата, но некој му ги снима натпреварите и нема ништо од тоа“, откри таткото на загинатиот борец.

Доран, кој две и пол години беше ММА борец и капитен на својата фудбалска репрезентација, пред овој трагичен настан немаше здравствени проблеми.

Од друга страна, неговата девојка Либи Гилмор (18) смета дека енергетските пијалоци придонеле за неговиот срцев удар.

Доран наводно секогаш пиел енергетски пијалоци пред да оди во теретана, но неговиот татко не сакал да шпекулира дали тоа е причината за неговата смрт, пишува Healthline.

Безбедната граница за возрасни е 400 mg кофеин дневно, но некои енергетски пијалоци содржат повеќе од 500 mg.