Голема тага! Млад српски фудбалер излетал од патот и починал на лице место

Фудбалерот на фудбалскиот клуб Пролетер од Нови Сад , Радован Бошњачки (19), околу еден часот по полноќ меѓу саботата и неделата изгубил контрола над автомобилот, излетал од патот и починал.

Според Блиц, во тој момент со него во автомобилот имало девојка која била целосно неповредена, додека фудбалерот го загубил животот поради несреќен сплет на околности.

Клубот се прости од него со емотивна порака во која се истакнува неговиот талент и борбеност како големи доблести.

– Прекрасно момче, голем борец и исклучително перспективен играч. Загубивме соиграч и пред се добар пријател на кој секогаш можевме да се потпреме. Секогаш беше тука да ја подигне атмосферата, да не бодри и да не бодри доколку снемаме сили. Тој беше нашиот мотор и нашата гордост. Тагата е голема, а загубата ненадоместлива – изјави еден соиграч.