Голема тага: Фудбалер се самоуби откако дозна што ѝ направил монструмот на неговата покојна мајка (фото)

Младиот фудбалер Џеј Кар си го одзел животот откако открил дека неговата покојна мајка била жртва на некрофилско чудовиште од мртовечницата на Дејвид Фулер, објави ,,Дејли Мејл” кога започнала истрагата за грозоморните настани.

Телото на момчето, кое порано играло фудбал, полицијата го открила во шума во близина на неговиот дом во Снодленд, Кент, на 20 септември, откако претходно бил прогласен за исчезнат.

Семејството на Џеј верува дека не требало да му се каже дека неговата мајка била жртва на Фулер, со оглед на тоа што тој имал веќе постоечки проблеми со менталното здравје.

Фулер беше осуден на две доживотни затворски казни во декември 2021 година за убиствата на Венди Кнел и Керолин Пирс во 1987 година во Танбриџ Велс.

Тој беше осуден на истовремени 12-годишни казни за сексуален напад на 78 мртви жени во мртовечниците во болницата Танбриџ Велс и поранешната болница во Кент и Сасекс помеѓу 2008 и 2020 година.