ГОЛЕМИ АПСЕЊА ВО БИХ : Приведени девет лица под сомнение дека се вмешани во криумчарење луѓе

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) денеска уапсија девет лица осомничени за шверц на луѓе во областа на кантонот Тузла.

Акцијата е спроведена во соработка со Министерството за внатрешни работи на Хрватска и Европол, објави сараевскиот портал Кликс.

Во Хрватска, како што се наведува, во истата акција се уапсени четири лица.

Уапсени се државјани на БиХ и Хрватска.

Цел на акцијата се шверцери на луѓе кои со камиони и џипови превезувале турски државјани од Сараево преку државната граница до Хрватска и потоа кон Германија.

Турците легално пристигнале со авиони во Сараево, од каде што ги превземале шверцери и илегално ги возеле низ Босна и Херцеговина границите со земјите од Европската унија.

Членовите на СИПА следеле неколку вакви тури и го поместиле синџирот на шверцери, пишува сараевскиот портал.