Ѓорческа со победа го стартуваше ИТФ фјучрсот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа победа во првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија, Турција. Таа денес ја совлада Маделиеф Хагеман од Холандијасо 2-0, во двата сета со по 6:2.

Ѓорческа е рангирана како трета носителка на турнирот.

Веќе утре, Македонката ќе настапи и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија, а противнички им се јапонската двојка Козаки-Аикава.

Ѓорческа и Ведерер се рангирани како втори носителки