ПОНУДИЛ 400.000 ЕВРА ЗА ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА: Корејскиот крал на криптовалутите на суд негираше вина

Јужнокорејските државјани До Квон и Хон Чанд Јун во Основниот суд во Подгорица ја негираа вината за фалсификување документи, поради што беа уапсени во март на аеродромот во Подгорица.

На судот му понудија да ги ослободи со кауција од по 400.000 евра.

Нивниот бранител Бранко Анѓелиќ му предложи на судот обвинетите да останат во неговиот стан до конечното завршување на постапката.

Адвокатот побара валидноста на пасошите на неговите клиенти да се провери преку меѓународна правна помош.

Судот подоцна ќе се произнесе за предлогот за ослободување на јужнокорејските државјани од притвор со кауција, за која рекоа дека ќе биде испратена од нивните сопруги.

До Квон во светот е познат како „Крал на криптовалутите“, а неколку земји по него распишаа налог за измама од 40 милијарди долари.

Тој и неговиот соработник беа уапсени во март, додека со приватен авион од аеродромот во Подгорица се обидувале да летаат за Дубаи.

Одговорните тогаш официјално објавија дека тој со лажни документи е во Црна Гора.