ЗЕЛЕНСКИ БАРА УШТЕ од ветеното оружје: „Ако ги нападнеме Русите со тоа што го имаме, ќе изгубиме многу луѓе“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и треба повеќе време пред да ја започне долгонајавуваната офанзива против руските сили!

Како причина за тоа Зеленски во интервју за неколку европски медиумски куќи изјави дека украинската армија треба да го добие ветеното оружје од западните сојузници.

Володимир Зеленски, Капитол Хил

Фронт од 1.450 километри

Украинската офанзива, чиј почеток беше најавен за рана пролет, кога временските услови дозволуваат движење на оклопни возила на калливи терени, би можела да го реши конечниот исход на војната и да ги придвижи линиите на фронтот кои со месеци се непроменети. Офанзивата, како што јави Би-Би-Си, ќе биде клучен тест за Украина, која сака да покаже како помошта добиена во оружје и опрема од Запад може да постигне придобивки на бојното поле.

– Со ова што во моментов го имаме можеме да одиме напред и да бидеме успешни. Но, би изгубиле многу луѓе и мислам дека тоа е неприфатливо. Затоа треба да почекаме, ни треба повеќе време – рече Зеленски.

Тој рече дека борбените единици, од кои некои се обучени во земјите членки на НАТО, се подготвени, но наведе дека на армијата и се потребни некои други работи, како што се оклопни возила кои пристигнуваат во групи. Руските сили воспоставија одбранбени позиции долж линијата на фронтот долга 1.450 километри, која се протега од источните региони Луганск и Доњецк до Запорожје и Керсон на југ.

Зеленски рече дека е уверен оти украинската армија може да напредува на фронтот, предупредувајќи на опасност од „замрзнат конфликт“. За Киев, секој исход што би се сметал за неуспех на Запад би значел намалување на воената поддршка и зголемување на притисокот Украина да влезе во преговори со Русија. Речиси една петтина од украинската територија моментално е под контрола на руските сили, Владимир Путин минатата година најави анексија на четири окупирани региони. Евентуалните преговори веројатно би се однесувале и на овие четири региони.

Избори во Америка

– Секој има идеја. Но, тие не можат да ја притиснат Украина да ја предаде својата територија. Зошто која било земја во светот би му подарила на Путин своја територија. Нема да оставиме ниту едно парче од нашата држава на непријателот – рече Зеленски.

Тој ги отфрли стравувањата за можно губење на американската поддршка во случај Џозеф Бајден да не биде реизбран за американски претседател. Тој изјави дека Украина има поддршка од претставниците на двете партии во американскиот Конгрес.

– Којзнае што ќе биде на изборите. Верувам дека дотогаш ќе победиме.

Евгениј Пригожин, шеф на Вагнер: На Макрон ќе му ги извадиме забите со клешти!

Евгениј Пригожин, основачот и шеф на платеничката група Вагнер, бурно реагираше на одлуката на француските власти неговата група да ја прогласат за терористичка организација.

– Можеме со клешти да ги отстраниме скапаните заби од таа злобна уста. Можеме да ги извадиме забите на Макрон и на секој што истура патогена нечистотија за Вагнер – рече Пригожин.

Германски Билд пишува дека Пригожин им наредил на членовите на единицата да се самоубијат во случај да бидат опколени за да избегнат апсење.