Можете да вежбате и додека правите кафе: Со овие 5 совети нема место за изговори

Секој од нас барем еднаш рекол дека нема време за вежбање, но со овие совети ќе заборавите на овој изговор. Можете да го одржите добро здравјето со помош на овие мини-вежби кои можете да ги вклучите во секојдневните активности, сугерира истражувањето на Универзитетот во Сиднеј.

Со овие пет совети вежбањето ќе ви стане навика.

  • Колку пати сте го слушнале советот наместо лифт да ги користите скалите? Време е конечно да го усвоите – одете горе-долу пешки и обидете се да бидете брзи.
  • Додека гледате телевизија или читате вести на телефон, правете чести паузи со неколку вежби, како што се склекови, па дури и неколку последователни стоење и седење исто така ќе бидат корисни. Истото важи и за работа на компјутер и за секоја работа каде сте на иста позиција подолго време.
  • Миењето заби е автоматска активност, па тие две или три минути можете да ги искористите два пати на ден за да вежбате во исто време. Во исто време, можете да шетате низ бањата, да ги напнувате и опуштите мускулите, наизменично да се кревате на прстите и потпетиците… Важно е да стекнете навика и редовно да правите такви движења.
  • Што правите додека чекате да зоврие водата за кафе или чај? Зошто да не ги искористите тие неколку минути за вежбање? Луѓето обично мислат дека треба да одвојат време за вежбање, но поентата е да го вклучите вежбањето во активностите што веќе ги правите.
  • Пуштете ја омилената стимулативна музика и танцувајте додека готвите или чистите. Или, уште подобро, одвојте неколку минути од денот за да танцувате.