ГОЛЕМИ ГУЖВИ НА ГРАНИЦА – Еве колку време се чека за влез и излез од државата на граничните премини “Табановце“ и “Богородица“

На граничните премини Табановце и Богородица попладнево поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу половина час, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). 

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.