“ВЛАДИМИР ПУТИН ЌЕ УМРЕ ЗА 10 ГОДИНИ!“ – Володимир Зеленски тврди дека претседателот на Русија нема да преживее голема војна против Украина

Володимир Зеленски вели дека Кремљ бара прекин на војната за да акумулира нови ресурси, да ги укине санкциите и да добие политичка поддршка на глобално ниво, но според него, Украина нема да дозволи да се случи таква ситуација.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да преживее долга војна против Украина и дека ќе биде мртов за десет години.

Во ексклузивното интервју за бразилскиот ТВ канал Global News, Володимир Зеленски бил запрашан дали Украина може да ја повтори судбината на Сирија, каде Русија се бори заедно со Владата од 2015 година, пренесуваат странските медиуми.

Владимир Путин нема да живее толку години. Како што се бори со нас, тој не се бореше во Сирија“, нагласил Володимир Зеленски.

Тој нема да успее. Нема да живее уште 30 години. Ќе умре – толку е јасно“, вели тој и додава: „Но, тој нема да преживее ниту десет години. Тој повеќе не е истата фигура“.

Во Сирија во 2011 година избувна граѓанска војна меѓу приврзаниците на Владата на Башар ал Асад и сириските и курдските опозициски формации. Од 2015 година, единиците на Министерството за одбрана на Русија учествуваат во војната на страната на Башар ал Асад.

Володимир Зеленски понатаму во интервјуто објасни дека целата руска Армија е распоредена против Украина, но изрази уверување дека нејзиниот ‘рбет веќе е ослабен и намален.

Тој вели дека Кремљ бара пауза на војната за да акумулира нови ресурси, да ги укине санкциите и да добие политичка поддршка на глобално ниво, но Украина нема да дозволи да се случи таква ситуација, а Киев ќе ги преземе неопходните активности за да ја спречи Русија да ја врати силата.

Изјавите на Володимир Зеленски уследија по претходната изјава во декември, во која тој истакна дека војната во Украина ќе заврши со смртта на Владимир Путин.

Тој ги посочи ризиците од авторитарен режим кој премногу зависи од една личност и изрази уверување дека без Владимир Путин, фокусот на Русија може да се префрли од надворешната политика на внатрешните прашања.

Володимир Зеленски изјави дека се надева оти би можел да се одржи „мировен самит“ за Украина оваа есен и посочи дека разговорите што ќе се одржат оваа недела во Саудиска Арабија се отскочна штица кон таа цел.

Како што јави медиумската агенција Reuters, Володимир Зеленски во своето обраќање пред украинските дипломати изјавил дека на состанокот во Џеда на 5. и 6. август ќе учествуваат речиси 40 земји.

Работиме да обезбедиме самитот да се одржи оваа есен“, најавил Володимир Зеленски во говорот објавен на официјалната веб-страница на украинскиот претседател.