ВИДЕО | АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО РУСИЈА – Граѓани на голем руски град останале во шок поради оваа појава на небото – што се случува !?

Жителите на Казан во Русија ги вознемирил монструозен облак кој личи на печурка што се појавува по нуклеарна експлозија!

Исплашените жители на Казан, петтиот по големина град во Русија, во мноштвото на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видео-снимки од необичниот облак, пишуваат локалните медиуми.

Облакот, кој наликува на нуклеарна печурка ги исплаши граѓаните, а тоа всушност е еден вид кумулонимбус“, изјавиле за РИА Новости од Министерството за екологија и природни ресурси на регионот Татарстан.

Топлиот воздух е полесен од студениот воздух и неговото издигнување во средните слоеви на атмосферата може да се забележи во вид на облаци од печурки. Овој атмосферски феномен се нарекува инверзија. Станува збор за посебен вид кумулонимбуси кои се издигнуваат на висина од околу 12-15 километри, а потоа почнуваат да се замаглува“, изјавил портпаролот на Министерството за екологија на Русија.

Според потпаролот, топлиот и влажен воздух од земјината површина формира моќна струја што ја пробива термоклината помеѓу неа и горните студени и суви слоеви на атмосферата. Водената пареа во студениот слој се кондензира во капки дожд, снег или град и почнува да паѓа во нагорен проток на ладење.

Локалните медиуми јавуваат дека во средата во Казан не е регистриран вишок на загадувачи во воздухот.