Големи проблеми за Садио Мане по скандалот кој го направи во сооблекувалната на Баерн Минхен: “За него сезоната изгледа е завршена…“
Баерн Минхен го суспендираше Садио Мане до понатамошно известување. Одлуката на клубот ги стави на „стаклени нозе“ очекувањата од оваа фудбалска ѕвезда, но германските медиуми сугерираат дека не е невозможно тој и да го одиграл последниот натпревар за баварскиот гигант.
Во Баерн Минехн се згрозени од неговите постапки и физичкиот напад врз соиграчот Лерој Сане по кавгата во соблекувалната на „Етихад“ веднаш по тешкиот пораз од Манчестер Сити во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Го удрил со тупаница по лицето, но соиграчите успеале да ги разделат и да спречат уште поголем инцидент.
На првиот тренинг по враќањето во Минхен и двајцата играчи му се извинија на тимот, но тоа не му помогна многу на Мане, бидејќи тој беше отстранет од соблекувалната и нема да конкурира за првенствениот натпревар против Хофенхајм.
„Садио Мане нема да биде во тимот на следниот првенствен натпревар. Одлуката ја донесовме поради неговото однесување по натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Мане исто така ќе биде казнет“, соопшти Баерн Минхен.
„Не сум сигурен како Садио Мане ќе остане во Минхен следната сезона. Има многу играчи кои се жалат на него и кои се убедени дека тој повеќе нема да игра за клубот. Клубот треба да одлучи“, напиша германскиот новинар на Sky Sport, Флоријан Плетенберг во објава на социјалните мрежи.
Мане минатото лето пристигна во Баерн Минехн од Ливерпул во трансфер вреден 32 милиони евра. Тој одигра 32 натпревари, постигна 11 гола и асистираше пет пати.