ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ – Познат аргентински фудбалер мака мачи со дрогата и дилерите! Неговата девојка открива шокантни детали: “Тој секојдневно конзумира кокаин…“ (фото)
Арачели Феси, модел и девојка на Брајан Фернандез, аргентинскиот фудбалер и член на Колон Санта Фе, ја откри тешката борба на своето момче која трае со години.
„Јас сум со него осум години, а тој се бори со зависноста три години. Страшно е. Го видов Брајан што се може да направи, а денес го гледам неговото пропаѓање. Тоа е постојана борба“, открила Феси за аргентинските спортски медиуми.
„Брајан се чувствува добро во друштво на своето семејство и чекаме тој да се согласи да му помогнеме. Тој самиот мора да го сака тоа. Но, тој не се согласува со тоа и ми кажа дека не сака да биде хоспитализиран. Во меѓувреме состојбата само се влошува“, открива таа.
Девојката на фудбалерот отворено повикува на помош и додава:
„Дилери ни доаѓаат на вратата и продаваат дрога. Тоа се луѓе кои сакаат само да профитираат од вас“.
Фернандез игра на позицијата напаѓач, а во текот на кариерата ги бранеше боите на Дефене и Јустиција, Расинг, Сармиенто, Мец, Унион де Калера, Некса, Портланд Тимберс, Колон, Депортиво Мадрина и неодамна Феро Карил Оесте.