Илјадници Израелци синоќа протестира пред амбасадата на Соединетите Американски Држави во Тел Авив, барајќи од американскиот претседател Доналд Трамп да склучи договор со кој ќе се вратат израелските заложници дома и ќе се стави крај на војната во Газа.
Граѓаните им се придружија на семејствата на заложниците кои редовно се собираат од почетокот на војната во Газа.
Меѓу водачите на маршот се поранешниот заложник Јохевед Лифшиц, вдовица на убиениот заложник Одед Лифшиц, и други роднини на заложниците, вклучувајќи го и Тал Куперштајн, татко на Бар Куперштајн, кој е во инвалидска количка.
Маса израелски, американски и жолти знамиња се собраа пред влезот на американската амбасада. Вторите претставуваат симбол на солидарност и повик за итно ослободување на заложниците.
Демонстрантите стојат зад голем транспарент со кој го повикуваат американскиот претседател Доналд Трамп да склучи „голем, прекрасен договор“ – алузија на насловот на неговиот неодамнешен закон за трошење. Огромен транспарент е распослан на песокот пред амбасадата, на кој пишува: „Спасете ги заложниците, завршете ја војната“.
Додека преговорите за ставање крај на војната продолжуваат да пропаѓаат, Израел продолжува да убива цивили во Појасот Газа секој ден. Така, денес Палестинците повторно беа цел на напади додека чекаа на ред за хуманитарна помош во Рафа. 32 од нив беа убиени.