ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК – Кина се заканува се посериозно, а паниката се зголемува: “Не вртете ја главата, само погледнете што се случи со Украина!“
Новиот врвен дипломат на Тајван во Соединетите Американски Држави (САД), Александар Тах-реј Јуи, ги повика САД и Европа да не ги „вртат главите“ пред потенцијалната кинеска инвазија на островот, пишува Politico.
„Најдобрата одбрана, најдобрата помош што можете да ја направите за Тајван е активно и отворено да ја изразите својата решеност да не ја прифатите кинеската агресија врз Тајван“, порача Александар Тах-реј Јуи за подкастот „Power Play“ на весникот Politico, повикувајќи Запад да не стои и да не гледа како друга земја започнува нова агресија.
„Кина многу сериозно се подготвува за можноста да го нападне Тајван“, тврди Александар Тах-реј Јуи и додава: „Поради што Тајван ги зголемува одбранбените капацитети со цел во иднина да се соочиме со сите можни агресии“.
Александар Тах-реј Јуи направи паралела со руската инвазија на Украина, за која кажа дека е можно „огледало“ на Тајван затоа што островот може да се соочи со потенцијалниот напад на многу поголема земја и подеднакво се обидува да ја зајакне својата одбрана – како што направи Украина откако Кремљ незаконски го анектираше Крим и делови од источен Донбас во 2014 година.
„Значи, постојат закани и ние сакаме да го зачуваме нашиот начин на живот“, вели Александар Тах-реј Јуи и додава: „Сакаме да ја зачуваме нашата демократија. Сакаме да ја зачуваме слободата и ќе ја браниме“.
Тајван исто така се подготвува за претстојните претседателски избори на 13. јануари, а тајванските власти предупредија дека Кина може да се обиде да влијае на резултатите, пишува Politico.