ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ ОКОЛУ ТАЈВАН – Повеќе од 20 авиони на кинеското воздухопловство ја нарушиле зоната за воздушна одбрана на островот
Министерството за одбрана на Тајван денес соопшти дека во изминатите 24 часа детектирало 20 авиони на кинеското воздухопловство кои влегле во зоната за воздушна одбрана на островот.
„Денеска до шест часот наутро откриени се 32 авиони и девет авиони на Народно-Ослободителната Армија. Од нив, 20 авиони ја преминаа средната линија на Тајванскиот теснец или влегоа во југозападните, југоисточните и североисточните зони за воздушна одбрана“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Тајван.
Меѓу идентификуваните летала има и ловци Su-30 и Ј-10, како и авиони против подморници.
Тајван е управуван од администрација независна од Кина од 1949 година, но според официјалната позиција на Пекинг и повеќето земји, островот се смета за една од кинеските провинции.