Долгоочекуваното влошување на времето пристигна во Хрватска со појава на опасни метеоролошки услови, а меѓу првите на удар беше Истра.
На веб-страницата „Истрамет“ се наведува дека веќе во утринските часови почнал развој на посилна облачност, а влошувањето кулминирало околу пладне.
Во близина на Ровињ е снимена голема секавица. Потоа следувале уште неколку.
Се наведува дека глетката на огромна секавица на море ја снимиле бројни граѓани и туристи, а засега нема извештаи за штети.
До крајот на денот во Хрватска поради приближувањето на циклонскиот центар сè yште се очекува временска нестабилност кога се во прашање временските услови.
„Јутарњи лист“ јавува дека значителен пад на температурата е забележан во Истра.
Според веб-страницата pljusak.com, во Умаг утринава во 8:25 часот била речиси 28 степени Целзиусови, додека во 9:05 часот била само 21,5 степени Целзиусови.
Откако циклонот од Италија пристигна во Истра, облачноста се движи, па попладне врнежи со грмежи ќе допрат до југот на Јадранот и западниот дел од внатрешноста на Хрватска.
Се наведува дека на истокот од земјава ќе продолжат високите температури до 35 Целзиусови степени.