Големиот пожар што го зафати регионот Абај во Казахстан однесе 14 животи, според последните информации.
Казахстанските спасувачки тимови пронајдоа тела на уште 11 жртви на големиот шумски пожар кој беснее во источниот регион Абај во Казахстан, со што вкупниот број на жртви се искачи на 14, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан.
„Според податоците на оперативната група за гаснење пожари во регионот Абај, при претресот се пронајдени 11 тела. Се утврдува нивниот идентитет. Да потсетиме, претходно беа пронајдени телата на тројца исчезнати работници на шумското претпријатие. така што вкупниот број на загинати е 14“, се наведува во соопштението.ТАСС.