Голем пожар го зафати хотелот на Роналдо во Маракеш: Вработените навреме се евакуирани (видео)

Хотелот Pestana CR7, кој е во сопственост на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, се најде во центарот на драмата откако во зградата избувна пожар кој предизвика голема материјална штета.

Пожарот зафатил дел од хотелот, но вработените биле навреме евакуирани, што спречило човечки жртви.

Да додадеме дека пожарот брзо бил локализиран и ставен под контрола, но делови од хотелот претрпеле сериозни оштетувања поради ширењето на пожарот.

Инаку, ланецот Pestana CR7 има шест луксузни имоти, вклучувајќи ги и оние во Фуншал, Лисабон, Мадрид, Париз, Манчестер и Маракеш.

Самиот Роналдо моментално е фудбалер на саудискиот Ал Наср каде оваа сезона постигна 30 гола на 34 настапи во сите натпреварувања, на кои додаде и четири асистенции.