Голем пожар на отворено кај Струмица, гореше сува трева и отпад

Голем пожар на отворено избувна попладнево околу 15 часот на заобиколницата кај Струмица, кон селото Градско Балдовци.

Според информацијата од ТППЕ Струмица горело сува трева, отпад и гуми, а црниот густ чад се гледаше оддалеку.