ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ПАРИЗ – Килијан Мбапе се врати во тимот – ќе потпише ли нов договор со францускиот шампион !?

Килијан Мбапе во последно време многу се споменува во контекст на заминувањето од ПСЖ. Францускиот напаѓач не сака да потпише нов договор и се надева дека ќе се пресели во Реал Мадрид, но засега не пристигнала конкретна понуда од „Кралскиот клуб“.

Во меѓувреме, Килијан Мбапе беше исфрлен од тимот на ПСЖ. Французинот не отиде на тренинг кампот, а не учествуваше ниту на натпреварот од првото коло на француската лига против Лориен. Сепак, се чини дека нешто се промени и Килијан Мбапе е вратен во тимот.

По многу конструктивни и позитивни разговори помеѓу ПСЖ и Килијан Мбапе во пресрет на натпреварот против Лориен, играчот утрово беше вратен во првиот тим“, соопшти ПСЖ.

Медиумите во Франција веруваат дека Килијан Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ во кој ќе има клаузула за обештетување според која може да си замине следното лето. Килијан Мбапе е во Париз во последните пет години откако пристигна од Монако за 180 милиони евра. Оттогаш, тој постигна 212 гола и забележа 98 асистенции на 260 натпревари.