Голем проблем за Владимир Путин, но и паника во Пентагон: Џо Бајден ја донесе и потпиша конечната одлука: “Ова е ризичен преседан!“

Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, започна – по четири месеци размислување, и веројатно тајни преговори – да разменува докази со Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за воените злосторства извршени во Украина. 

Објавеното соопштение стави крај на повеќемесечниот спор во Вашингтон, во кој Советот за национална безбедност (НСЦ) и Стејт департментот ја поддржаа соработката со МКС, но Министерството за одбрана на САД се спротивстави на тоа, тврдејќи дека таквата соработка може да доведе до тоа да Меѓународниот суд на правдата еден ден би можел да бара гонење и на американски војници.

Но, претседателот Џо Бајден им нареди на претставниците на неговата администрација да ги споделат своите докази за руските воени злосторства во Украина со Меѓународниот кривичен суд, објави весникот New York Times во вторникот, цитирајќи извори од Белата куќа, а сега тоа е и официјално потврдено.

На 17. март Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Тој е осомничен дека илегално депортирал деца од окупираните територии на Украина во Русија. Слична наредба беше издадена и против рускиот омбудсман за деца, Марија Лвова-Белова. Но САД долго време се двоумеше, не поради Владимир Путин туку поради сопствените интереси. 

Владимир Путин

Конечно, Џо Бајден ја донесе оваа одлука пред некој ден, а NYT пишува дека не е јасно зошто толку долго чекал и што на крајот го поттикнало на тоа. Прво, на 25. јули, Белата куќа ги информираше членовите на Конгресот за тоа, а два дена подоцна, Советот за национална безбедност го потврди следното:

Од почетокот на рускиот напад врз Украина, претседателот беше јасен: мора да има одговорност за сторителите и овозможувачите на воените злосторства и злосторствата во Украина. Ние поддржуваме низа меѓународни истраги за да се идентификуваат и да се повикаат на одговорност одговорните, вклучително и преку Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина, Заедничкиот истражен тим преку Европравда, мисијата за набљудување на човековите права на Обединетите нации, експертските мисии основани во рамките на ОБСЕ и Меѓународниот кривичен суд, меѓу другите“.

Меѓу информациите на американските разузнавачки служби кои би можеле да бидат од интерес за Хаг, New York Times наведува информации дека руските власти донеле одлуки да ја нападнат цивилната инфраструктура на Украина и да земат илјадници украински деца од тамошните окупирани територии. САД веќе споделија дел од овие информации со украинските обвинители, но досега се воздржуваа од соработка со Хаг.

Надлежноста на МКС се протега на злосторства извршени на териториите на земјите што го ратификувале Римскиот статут (договорот врз основа на кој е основан судот) или злосторства извршени од државјани на тие земји каде било во светот. Во моментов, статутот е ратификуван од повеќе од 120 земји во светот. Но, САД и Русија не се дел од тие 120 држави.

NYT на почетокот на март објави дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и Пентагон се противат на идејата САД да му дадат на Хаг американски разузнавачки информации кои ги потврдуваат фактите за руските воени злосторства во УкраинаМинистерството за одбрана на САД стравува дека ова може да стане преседан, поради што МКС во иднина ќе може да ги гони и Американците. Остатокот од американската Влада, вклучително и разузнавачките агенции, Стејт департментот и Министерството за правда, се заложија за објавување на информациите.

Позицијата на Пентагон не е целосно неоснована, бидејќи во 2017 година МКС отвори истрага за тортурата на осомничените за тероризам од страна на американската Армија во Авганистан, по што тогашниот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се санкционира персоналот на Судот и државниот секретар Мајк Помпео го нарече „корумпиран“. Во 2021 година, администрацијата на Џо Бајден ги укина санкциите; во исто време, новиот главен обвинител на МКС, Карим Кан, ја затвори авганистанската истрага.